петок, 3. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Надлежните институции не преземаат ништо: Куче во Прилеп бојадисано и малтретирано од непознат сторител (ФОТО)

Надлежните институции не преземаат ништо: Куче во Прилеп бојадисано и малтретирано од непознат сторител (ФОТО)

Фејсбук страната „Помош на животните Прилеп“ сподели фотографии и статус од куче кое претрпело тортура на себе.

Имено тоа било малтретирано и бојадисано, додека институциите се уште молчат за ваквиот однос кон животните низ целата земја.

-Еве пресудете сами што шета околу нас и со кого го дишиме воздухот. Која психа треба да го има направено ова и со што залужиле овие невини очи да го истрпат овај психопатски чин. Кучето е загинато но е пронајдено истиот ден по неколку часа. Намерно исфарбано и на една од сликите ќе видете и сами што пишува. Кучето и куца кога ќе оди. Засрамете се од чинот и тоа што сте го пишале да ви служи за украс само за ништо друго. Пронајдено е кај интернатот. Кучето е на сигурно кај сопствениците, ова со бојата ќе се среди но траумата, стравот и болките од малтретирањето остануваат, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Коронавирус