сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 97
home Вести

Над овој гроб не тажи, секогаш има илиндени- само да има мажи!

Над овој гроб не тажи, секогаш има илиндени- само да има мажи!

Ти само расти и помни:
кој ти го уби дедо ти,
кој ти го закла татко ти,
кој ја обесчести мајка ти,
кој ти ја запали куќата,
кој ти го украде сонот,
кој ти го грабна залакот –
а кога ќе ја откопаш
мојата стара берданка,
не жали дека паднав –
јас паднав за Родината,
туку префрли ја на рамо
и фати ја планината!

Името ти го валкаат
земјата ти ја продаваат
семожни изроди те черечат.
Комунисти
Социјалисти
лажни ВМРО-исти
терористи
Европеисти
Масонисти
сатанисти.
Нема ниту едни праведни,
ниту само едни
сите согрешија и се лишени од Божјата слава.

Вразумете се, вие одроди,
внимавајте, вие, земни злодејци!
На плашливците и неверниците,
на поганите и крвниците,
на блудниците, предавниците и расколниците
местото им е во бездната
што нема крај
во крајната темнина,
тоа е другата смрт.
Ако Диоген на ден пладнина бараше луѓе
тогаш јас барам, Македонци,
Македонци…

НАД ОВОЈ ГРОБ НЕ ТАЖИ
СЕКОГАШ ИМА ИЛИНДЕНИ – САМО ДА ИМА МАЖИ!!!

Честит ИЛИНДЕН Македонци ! ?
Да живее Република Македонија ! ??

Коронавирус