среда, 30. септември 2020. Вести денес: 11
home Вести

Над 800 лица заболени со грип во Македонија, 40.000 вакцинирани

Над 800 лица заболени со грип во Македонија, 40.000 вакцинирани

Грип од типот АХ3Н2 и официјално потврден во земјата. Дали овој вид ќе биде агресивен како и минатата сезона кога беше причина за големиот број на смртни случаи, епидемиолозите засега без одговор. Во Хрватска вчера починал пациент од Х3Н2, додека, пак, во Македонија според извештаите од Институтот за јавно здравје во болниците нема пациенти со сериозни компликации од грип.

-Имаме сентинентал надзор во болници во Скопје и Прилеп и од примероците кои ги имаме земено кај ниту еден не е потврден грип. Не знаеме како ќе биде, циркулираат три подтипа, ќе видиме, вели др. Владимир Микиќ, епидемиолог во ИЈЗ.

Епидемиолозите пикот на грипот го очекуваат наредниот месец кога ќе заврши и училишниот распуст. Но велат дека граѓаните треба да внимаваат и овој период на празници – да избегнуваат подолг престој во затворени простории како и блиски контакти со лица кои се болни.

-Оние кои се во групата на ризични групи, доколку имаат симптоми на грип да побараат лекарска помош и секако 7 дена седење на боледување, вели Микиќ.

Најдобра превенција според епдиемиолозите е вакцинацијата. Досега од грип се заштитиле над 40.000 лица, од кои 28.000 добија бесплатни вакцини од Министерството бидејќи се во ризичните групи. Во скопскиот центар за јавно здравје се уште има комерцијални вакцини.,а надлежните бараат дополнителни дози за здравствените работници.

Од почетокот на сезоната досега има над 800 заболени со грип.

Извор: СИТЕЛ

Коронавирус