вторник, 4. октомври 2022. Вести денес: 54
home Вести

Над 56 илјади евра за привремени вработувања во Владата

Над 56 илјади евра за привремени вработувања во Владата

Владата склучи договор од над 56 илјади евра за привремени вработувања со Агенцијата за привремени вработувања „Мотиви“, објави БИРН.

Според склучениот договор, агенцијата ќе треба да ангажира работници како замена за привремено отсутен работник, при привремено зголемен обем на работа, за работа на проекти и сл. Во август минатата година, со истата агенција, Службата за општи и заеднички работи на Владата склучи договор за привремени вработувања за околу 50 илјади евра.

Освен Владата, и Собранието бара работници за привремено вработување. Денеска беше објавен огласот за привремени вработувања за над 13 илјади евра, а основниот критериум е најниската цена.

 

Коронавирус