среда, 2. декември 2020. Вести денес: 59
home Вести

Над 530 пожарникари недостасуваат во Македонија

Над 530 пожарникари недостасуваат во Македонија

Над 530 пожарникари недостасуваат во Македонија, покажува истраужувањето на  Центарот за граѓански комуникации.

Истражувањето открива дека на 30-те територијални противпожарни единици во земјава им недостигаат 536 пожарникари за да имаат барем толку вработени колку што е законски пропишаниот минимум.

Само четири од 30 единици имаат повеќе пожарникари од законскиот минимум (и тоа само по еден или двајца), додека шест единици имаат колку минимумот.

-Најмногу пожарникари, повеќе од 200, му недостигаат на Скопје. Следуваат Тетово, каде недостигаат 65 пожарникари и Гостивар со 52 пожарникари помалку од законски предвидените. Во Куманово недостигаат 49 пожарникари, во Битола има кусок од 32, а во соседен Прилеп од 26 пожарникари, покажува истражувањето на ЦГК.

Во однос на возилата, противпожарните единици располагаат вкупно со 241 возило, каде спаѓаат не само возилата за гасење пожар и цистерните за вода, туку и сите други возила на противпожарните екипи.

-Просечната старост на возилата е 28 години и 68 % од нив се од минатиот век. За споредба, според истражувањето од пред точно една година, бројот на возила изнесуваше 220, просечно стари 27 години. Исто така, последното истражување на возилата на министерствата и општините покажа дека нивната старост, пак, е 12,5 години, велат од ЦГК.

Како што велат од Центарот, истражувањето е дел од предвидените десет истражувања и бази на податоци за трошењето на јавните пари, поддржан од УСАИД.

Коронавирус