вторник, 20. август 2019. Вести денес: 88
home Вести

Над 40 степени до средината на наредната недела

Над 40 степени до средината на наредната недела

Многу топлото време со температури и над 40 степени ќе се задржи до средината на наредната недела.

Од УХМР информираат дека утре времето ќе биде многу топло со зголемена облачност во текот на денот и со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Потоа до среда ќе се задржи сончево и многу топло време. Максималната температура во наредните денови ќе достигне до 41 сетепен.

Ќе биде активирана жолта, а во некои подрачја и портокалово ниво за опасност од високи температури и УВ зрачење, информираат од УХМР.