четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 99
home Вести

„Над 2400 дечиња чекаат за прием во градинка во Скопје, места нема затоа што СДСМ 5 години не направи ниту еден нов објект“ – обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

„Над 2400 дечиња чекаат за прием во градинка во Скопје, места нема затоа што СДСМ 5 години не направи ниту еден нов објект“ – обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ
илустрација

Над 2400 дечиња чекаат за прием во градинка во Скопје, места нема затоа што СДСМ 5 години не направи ниту еден нов објект, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во скопските општини затекнаа состојба во која стотина дечиња од секоја општина се на листа за чекање за прием во градинка. Места нема затоа што СДСМ 5 години не направи ниту еден нов објект. Ситуацијата со недостаток на места за сместување не може да се реши преки ноќ. Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во сите скопски општини веќе засилено работат на нови градинки, и се очекува проблемот за година дена од сега да биде помал, велат од партијата.

Откриваат дека работата на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ на полето на градинките ја опструира централната власт, од каде не даваат согласност за нови вработувања и го кочат процесот во целост.

-СДСМ ја злоупотребува централната власт да им прави сопки на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Затоа и ова е една од причините поради која мора да имаме предвремени парламентарни избори час поскоро. Со влада на ВМРО-ДПМНЕ Македонија ќе се насочи на раст и развој и нови проекти, наместо на стагнација и криминал како до сега, посочуваат од партијата.

 

 

 

Коронавирус