сабота, 10. април 2021. Вести денес: 87
home Вести

Над 240 милиони вакцинирани во светот, немањето вакцини во Македонија Заев го препиша на недоволната продукција

Над 240 милиони вакцинирани во светот, немањето вакцини во Македонија Заев го препиша на недоволната продукција

Недоволниот капацитет на продукција на вакцините против коронавирус, според премиерот Зоран Заев е причина зошто Македонија се уште нема вакцини.

Додека во светот се вакцинирани над 240 милиони лица, а од земјите од регионот Србија се наоѓа на седмото место по вакцинација во светот, Заев личната неспособност ја префрла кон компаниите.

Точно е дека некои од компаниите се соочуваат со проблеми при испораката, но неодејќи подалеку, се отвора прашање како тогаш е можно Србија да има над 1,4 милиони дози вакцини за своето население од четири различни компании.

-Верувам дека се навистина денови во прашање. Нашата земја има преземено се што е неопходно за да може час поскоро да набавиме вакцини. Ги имаме преземано дури и чекорите на линија на црвената граница во функција на количините, дури и ако треба да поминат количини кои на крајот не би се имплементирале, но да имаме нарачки на крај. Така беше последната нарачка за стоте илјади спутникови вакцини, но секако имаме дуплирани нарачки од Кина, 200 по 200 илјади вакцини, осумстотини илјади преку Ковакс механизмот, 833.000 директно со Фајзар којшто се склучени, договорите кои што ги имаме со ЕУ заради Западен Балкан… Кога ќе ги правите пресметките поминуваме преку два милиони вакцини. Проценките беа милион, значи сме направиле се што треба да направиме, нагласи вчера Заев.

За потсетување во Македонија пристигнаа само над 8.000 дози од „Фајзер“ вакцината, како донација од Србија, со која започна процесот на имунизација на здравствените работници.

Најавуваните 200.000 дози од кинеската „Синофарм“ од „до крајот на оваа недела“ до „до крајот на месец февруари“ останаа само празни зборови на Заев и министерот за здравство Венко Филипче. Македонските власти ја одбија и понудената помош од Русија за набавка на нивната вакцина „Спутник В“, за сега самите да бараат руска вакцина.

Коронавирус