четврток, 1. октомври 2020. Вести денес: 128
home Вести

Над 2000 граѓани остануваат на улица поради скандалот тежок 200 милиони евра

Над 2000 граѓани остануваат на улица поради скандалот тежок 200 милиони евра

Се по неизвесно е работењето на 2300 вработени во АД Пошти на Македонија поради стечајот на Еуростандард банка, скандал тежок 200 милиони евра.

Скоро цел месец откако Македонска пошта на дневна основа генерира големи финансиски загуби со оневозможувањето на вршење на услугата платен промет во повеќе од 330 филијали на цела територија на државата.

Ваквата состојба не предизвикува само загриженост кај вработените од Македонска пошта кои стравуваат за иднината на компанијата и редовната исплата на плати и зачувување на нивните работни места , туку револт и незадоволство има и кај граѓаните кои што не можат да ги користат услугите на Македонски пошти, односно над 100.000 граѓани на кои им се вршеше услугата исплата на пензии и социјална помош преку Македонска пошта се спречени да ги користат услугите на Македонски пошти.

Власта се уште нема понудено конкретно решение за овој проблем со кои се соочуваат граѓаните иако владата е целосен сопственик на Македонска пошта и има обврска да ја постави како приоритет и најитно да донесе одлука за склучување на договор со друга банка за да може да се врши услугата на платен промет.
И додека се случува сериозен економски крах тежок 200 милиони евра, 100.000 сметки се блокирани, а над 40.000 пензионери се оставени без своите пензии, измамени штедачи и над 50 милиони евра дадени во лоши кредити без покритие, се уште нема одговорност за екс министерката за финансии од СДСМ Нина Ангеловски која на само неколку дена пред отворање на стечајната постапка на Еуростандард банка го извлекла својот депозит од 200.000 евра од сега веќе пропаднатата банка.

Вчера и синдикатот на Македонска пошта излезе на прес конференција барајќи итно решавање на статус кво состојбата, но до овој момент нема понудено решение од страна на власта и премиерот Зоран Заев иако тој вети брза одлука.

Коронавирус