среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 182
home Вести

Нацинална историја во учебниците по историја во основно училиште

Нацинална историја во учебниците по историја во основно училиште

Во образовниот процес, историјата има примарно значење во формирањето на националниот идентитет и личниот развој. Читањето историски текстови е придружено со интензивни емоции кои влијаат врз формирањето на сегментот на патриотизам, чувство на чест, лојалност и национална свест. Покрај тоа, историјата и како наука, така и како предмет, исто така, придонесува за уривање на одредени предрасуди кон одредени народи, раси и верски групи, што е предуслов за формирање општества базирани (засновани) на демократски принципи.

Националната историска свест кај учениците се формира под различни околности и врз основа на бројни влијанија, така што наставната методологија не ги препознава проблемите поврзани со формирањето на историски и паралелен историски свет. Представата (поимите) за минатото често се испреплетува(ат) со актуелните политички проблеми и со големо задоволство се користат за политички цели и поради тоа во процесесот на наставата потребно е да се води сметка окулу тие појави со цел да се сведат на минимум, така што наставата по историја да остане во текот на научно-наставната содржина.

Во исто време, недоволното познавање на националната историја дава можност за манипулација и злоупотреба на представата (впечатокот, визија) за минатото на својата земја и луѓето што живеат во неа. Последиците од таквата појава кај нас во не толку далечното минато беа трагично очигледни со богат спектар на национален романтизам и ексклузивност. Бројните и долгогодишни историографски разлики во мислењата и перцепциите за важни прашања во националната историја на Македонија влијаеле врз различниот третман на овие содржини.

Во учебниците по историја наменети за учениците од основно училиште ова се рефлектира во прикажувањето преку квантитетот и квалитетот на историографските факти за националните прашања, кои во голема мера зависат од моќта и влијанието на елитите кои често ги сведуваа историчарите на „слуги“ на актуелните режими, честопати давајќи им звучно одбележување „Национални работници“.Така, нивниот настап (учинок) во професионална и научна смисла, дури и кога бил во целосна хармонија со „занаетот на историчарите“, се користи(ел) за политички и пропагандни цели. И сето тоа во духот на таа злобна мисла на Орвел: „Кој владее со сегашноста – владее и со минатото и кој го контролира минатото, создава услови да ја контролира и иднината “.

Покрај знаењето, ученикот развива свест за припадност кон сопствената заедница, што го зголемува неговиот патриотизам. Историјата „подскокнува“ во вистинско време што се однесува до развојот на овие карактеристики, бидејќи возраста од 11-12 години е последната фаза во развојот на етничката припадност во која се систематизираат поимите за нација и татковина, со совладување и интегрирање на поимите дела и целини и општи и посебни.

Националната историја на еден народ не е исто што и историјата на државата во која живее тој народ. Историјата на еден народ го следи просторот во кој живее конкретната нација, додека историјата на државата ги следи границите на конкретното утврдено(а) историско(а) создавање (креација), кои по правило не се идентични со границите на нацијата на таа држава.Една од основните цели на изучување на националната историја во училиштата е само-афирмирање (само потврдување) на националниот идентитет, како основно значење на нејзинто учење. Овој сегмент на разбирање на наставата по историја станува многу проблематичен во општествата кои имаат криза на национален идентитет. Целиот процес на учење национална историја во училиште спаѓа во контекст на посебно општествено, државно, национално и идеолошко значење, што на крајот го усвои феноменот во рамките на кој предметот по историјата е често морална-политичка лекција за ширење на азбуката на националниот патриотизам.

Занемарувањето на националната историја и пропуштањето на можноста да се формира оваа историска компонента на општествената свест со помош на расудување, објавување, медиуми и други форми на организирана професионална активност на што е можно поучна научна основа, претставува широко отворање врати за историски митови и друго некритичко знаење за минатото, каде понатаму оставаат трајни и длабоки траги во таа свест за голем број генераци.

Највообичаена можна деформација е очигледното минимизирање на нечие минато и национално самосожалување. Тоа е придружено со постојан акцент на историската трагедија и загрозување на својот народ, неговата несреќна судбина, неговата историска невиност и благородност. Сите околу нас се целосно црни, само ние сме целосно бели “.

Анализа на тематски целини од националната историја во учебниците за основно училиште Националната историја во учебниците за основно училиште, во суштина, е збир на историски факти собрани по одреден редослед и сместени во учебници кои претставуваат „врв“ на знаење за учениците. Затоа направете ги како што треба

Колумна на М-р Димитар Богески

Најнови вести

Локални избори 2021