среда, 8. јули 2020. Вести денес: 258
МЕГА БОМБА

ВИДЕО: Тежок меѓународен блам на Заев, лажеа дека спречиле хибриден напад, а Заев пред пранкери го напаѓа Макрон, затвора аеродром, ќе населува мигранти

home Вести

Началникот на СВР Куманово го демантира Тасевски: Чулев не седеше во канцеларија да води политика

Началникот на СВР Куманово го демантира Тасевски: Чулев не седеше во канцеларија да води политика

За волја на вистината, Чулев неколку пати беше во посета на Куманово. Не седеше во канцеларија да води политика. Лесно е да се седи во канцеларија и да се даваат партиски изјави, вели во соопштението до медиумите началникот на СВР Куманово, Антон Витковски.

Да престанеме да ја мешаме политиката во полициското постапување, нема поголема гордост од фактот секојдневно да се биде на терен со полициските службеници, како што тоа го прави министерот Чулев.

Во оваа прилика сакам во целост да ја демантирам изјавата на директорот на БЈБ, затоа што во неа се наведени неточни информации.

Од моја страна во ниту една прилика не сум кажал дека се срамам што сум дел од тимот на Чулев и денешната изјава на директорот на БЈБ ја сметам за грубо кршење на принципите на кои се гради меѓусебната доверба и работењето во рамки на оваа организациска единица во МВР, вели Витковски.

Парламентарни избори 2020