понеделник, 20. јануари 2020. Вести денес: 6
home Вести

Нацев: Жените во АРМ мора да се чувствуваат горди и безбедни, случајот со сексуално вознемирување да биде истражен во целост

Нацев: Жените во АРМ мора да се чувствуваат горди и безбедни, случајот со сексуално вознемирување да биде истражен во целост

Последниот случај со сексуално вознемирување на припадничка на АРМ мора најостро да биде осуден и истражен во целост. Жените припаднички на АРМ мора да се чувствуваат горди и безбедни на своите работни места и затоа е круцијално ваквите предаторски постапки соодветно да бидат казнети, пишува универзитетскиот професор Александар Нацев.

Нацев потенцира дека неприфатливи се декларативните изјави на раководството на Министерството за одбрана дека се борат за родова рамноправност и инклузивност, а пред нос им се повторуваат вакви ситуации

-Ова не е прв ваков случај, и апсолутно се неприфатливи декларативните изјави на раководството на Министерството за одбрана дека се борат за родова рамноправност и инклузивност, а пред нос им се повторуваат вакви ситуации. Таквите изјави мораат да се поткрепат со дела. Да се потсетиме дека имаше ваков случај и во рамките на една од мировните мисии во кои учествува нашата армија, кој исто така беше откриен од медиумите. Ќе повторам, помалку декларативно, повеќе реактивно.
Поддршка за жените војници, пишува Нацев во својот статус на Фејсбук.