среда, 2. декември 2020. Вести денес: 184
home Вести

Нацев: Законот за Агенцијата за разузнавање или го пишувале безбедносни аналфабети или е конструирано решение по нечиј терк

Нацев: Законот за Агенцијата за разузнавање или го пишувале безбедносни аналфабети или е конструирано решение по нечиј терк

На денешната собраниска седница на Комисијата за одбрана и безбедност, Александар Нацев се обрати на јавната расправа по Предлог законот за Агенцијата за разузнавање. При своето обраќање посочи дека предлог законското решение кое денес е ставено за да се оцени и да му се даде кредибилитет, или го пишувале безбедносни аналфабети или е смислено конструирано решение по нечиј терк, кое треба да задоволи одредени апетити.

Прва очигледна слабост е дека законот се носи без никаков консензус, односно во неговото изработување апсолутно не беше вклучена опозицијата или академско-стручната јавност, туку се излезе со готово решение, за кое се инсистира да се донесе колку може побрзо, истакна Нацев.

Нацев додаде дека со ова законско решение му се дозволуваат енормни овластувања на Директорот на АР.

Му се остава на Директорот да располага со судбините на неговите вработени и дискреционо да одлучува за нивно распоредувањем, унапредување и диспиплинирање, што претставува основа за чистка во Агенцијата по мерка на директорот. Во предложениот Предлог закон за АР, актуелниот директор предвидел услови за негово именување, неможност за негово разрешување; без адекватна внатрешна и надворешна контрола и надзор; без давање одговорност кон Владата; без давање одговорност за финансиското работење; без соодветен систем на кариера за вработените; апсолутни права за него и скоро никакви права за вработените и тн. – Се предвидува „внатрешна контрола„ чија работа е под целосно менаџирање и контрола од страна Директорот на АР, наведено во член 21 од Законот. Ова е многу поелегантно решено во АНБ, каде раководителот на оваа организациона единица се поставува со согласност од Собраниската комисија и постапува по барање на Народниот правобранител и на Советот за граѓански надзор, појасни Нацев.

Коронавирус