петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 49
home Вести

Нацев: Заев безобразно лажел и си поигрувал со судбината на семејствата на убиените, СЈО да го повика да сведочи

Нацев: Заев безобразно лажел и си поигрувал со судбината на семејствата на убиените, СЈО да го повика да сведочи

Крајно нечовечки и лицемерно е Зоран Заев да ужива во релаксирана атмосфера со косовскиот премиер Рамуш Харадинај, и да не го покрене прашањето за екстрадиција на двајцата прво осомничени во случајот за убиството кај Смилковско езеро, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, вели Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Демири и Исмаиловиќ, се обвинети за петкратното убиство кај Смилковското езеро на Велики четврток пред 6 години. Тие беа во бегство на косовска територија. Истите беа правосилно осудени на доживотна казна затвор и се чекаше нивна екстрадиција од Косово.  Минатата година ова време косовските власти одлучија да ги ослободат од притвор и да не ги екстрадираат во Македонија. Барањето за затворање на случаите за убиството кај Смилковско езеро, Сопот и терористичкиот напад во Куманово се дел од Тиранската платформа, која беше услов за коалицијата на СДСМ со ДУИ и другите албански партии. Зоран Заев ја исполнува Тиранската платформа. Случајот за петкратното убиство кај Смилковското езеро, откако беше вратен на повторно судење, а убијците ослободени, неосновано се одложува, иако како што велат родителите на убиените, постојат докази и тие посочуваат дека сторителите се токму оние кои се обвинети, вели Нацев.

Тој потсетува дека родителите на убиените кажаа дека лично Зоран Заев им покажувал транскрипти од разговори помеѓу Невзет Бејта и еден од првообвинетите, Фејзи Азири, кои упатуваат на фактот дека обвинетите се и сторители на делото.

-Заев исто така им кажал и дека петте броеви кои се заведени како државна тајна, а комуницирале со обвинетите се високи функционери на ДУИ. Со склучувањето на владината коалиција помеѓу СДСМ и ДУИ, Заев молчи и бега од одговори. Кого штити Зоран Заев? Каква е поврзаноста на функционери од ДУИ со убијците кај Смилковско езеро? Зоран Заев кој го искористува случајот со убиството за морбидна изборна манипулација со граѓаните бега од одговори. Пред избори ги лажеше родителите на убиените, но и целата македонска јавност, дека сите ќе ја дознаат вистината за Смилковско езеро. Сега Заев ја крие вистината. Зоран Заев безобразно лажел и си поигрувал со судбината на семејствата на убиените. Зоран Заев едно им ветувал на егзекуторите, друго на жртвите. Заев си поигра со чувствата на граѓаните и семејствата на убиените. Заев не смее да бега, и е должен да им каже на правосудните органи тоа што им го кажал на родителите на убиените пред избори. СЈО треба да почне да го применува правото и да го повика Заев да сведочи, вели тој.

Нацев порачува дека овие изживувања мора да запрат затоа што граѓаните очекуваат правда и правна држава.

-Тоа со СДСМ на власт е невозможно. Оваа ненародна власт треба што поскоро да си замине, посочи тој.

Коронавирус