среда, 28. јули 2021. Вести денес: 130
home Вести

Нацев: Власта ја злоупотребува вонредната состојба, користејќи ги „благодетите“ на истата подготвува терен за избори

Нацев: Власта ја злоупотребува вонредната состојба, користејќи ги „благодетите“ на истата подготвува терен за избори

Одлуката којашто ја донесе Пендаровски да се прогласи нова вонредна сотстојба, не носи во еден вртлог кој може да продолжи сè до пред избори, а сиот тој период да се искористи за тактичко позиционирање на власта, која користејќи ги „благодетите“ на вонредната состојба ќе си го подготвува теренот за избори, пишува универзитетскиот професор по одбрана и безбедност Александар Нацев.

Во продолжение ви го пренесуваме целиот статус на професорот Нацев?

ГО ДРЖИ ЛИ НЕКОЈ КОРМИЛОТО ВО МАКЕДОНИЈА?

-Злоупотребена вонредна состојба

-Донесени Уредби по мерка на власта

-Олигархијата заштитена, народот уплашен и осиромашен

-Терен за изборите подготвен

Одлуката којашто ја донесе Пендаровски да се прогласи нова вонредна сотстојба, не носи во еден вртлог кој може да продолжи сè до пред избори, а сиот тој период да се искористи за тактичко позиционирање на власта, која користејќи ги „благодетите“ на вонредната состојба ќе си го подготвува теренот за избори.

Прогласувањето на вонредната состојба е обременето со голем број на неодговорени прашања:

– Дали има оправданост за повторното воведување на вонредната состојба и дали има стандардни оперативни процедури за институционално дејствување во состојба на прогласена вонредна состојба?

– Зошто воопшто прогласија вонредна состојба без претходно да донесат процена за загрозеност на безбедноста на државата од епидемија и без прифатен институционален план и организирани општествени активности за справување со вирусот?

– Дали Претседателот на државата пред да донесе одлука, има добиено\побарано од институциите кои уредби со законска дила треба да се донесат ?

– Откако е воведена вонредна состојба, само една третина од донесените Уредби со законска сила се поврзани со вонредната состојба. Ме интересира дали кога ќе се прекине вонредната, оние другите Уредби ќе се укинат, како изборот на судии и печатењето на пари со новото име на државата?

-Зошто тогаш се инсистира на повторно прогласување на вонредната состојба, кога факт е дека кризната состојба дава поголеми ефекти?

Примерите со Дебар и Центар Жупа јасно укажуваат на тоа дека главната тактика во спречувањето на вирусот беше токму прогласувањето кризна состојба во тие места и изолирањето на населението во целосен карантин, што ги даде очекуваните резултати.

Од друга страна, го имаме случајот со Куманово, каде што состојбата континуирано се влошуваше и локалната власт очекувано побара мерки слични на оние во Дебар, но за тоа немаше слух од Владата. Се чини дека вонредната состојба не донесе многу ефект во Куманово, но доколку беше прогласена кризна состојба, ситуацијата ќе се развиваше во многу попозитивен правец.

ГО ДРЖИ ЛИ НЕКОЈ КОРМИЛОТО ВО МАКЕДОНИЈА?✅ Злоупотребена вонредна состојба✅ Донесени Уредби по мерка на власта✅…

Gepostet von Aleksandar Nacev am Mittwoch, 22. April 2020

Коронавирус