среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 41
home Вести

Нацев: Реформите на владата во безбедносниот сектор се само на хартија и тоа го потврдува и извештајот од Европската комисија

Нацев: Реформите на владата во безбедносниот сектор се само на хартија и тоа го потврдува и извештајот од Европската комисија

– Тој што го напишал извештајот се осврнал на суштинските ситуации и напишал, цитирам: „Нема систематски механизми за следење на терористите пуштени од затвор , значи оние кои што биле осудени излегле не се следат понатаму што прават, потоа нема механизам за следење на странските борци повратници , уште пострашно, и на крај да додадам дека воопшто немаме ние ние програми за деридикализација во затворите а голем број на истражувања во западно европските држави како Франција, Велика Британија, Германија кажуваат дека најплодно тло за радикализација и регрутација на потенцијални терористи се токму затворите “ вели професорот  Александар Нацев.

Тој додава дека од една страна признаваме дека не работиме ништо како држава на полето на тероризам, а од друга страна државата има огромен број на функционерии кои што треба да се бават со оваа проблематика.

– Во една рака ние признаваме дека не работиме ништо на полето на тероризам а имаме функционери еден куп што владини што по министерства кој што треба да се бават со тероризам, вели Нацев.

Дополнитено професорот Нацев истакнува дека Македонија има многу национални стратегии на оваа тема како национална стратегија против тероризам , стратегија за спречување на национален екстремизам и акциски планови на претек но дека извештајот од Европската Унија потврдува дека сето тоа е само на хартија.

Коронавирус