петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 160
home Вести

Нацев: Неспособноста на власта само по себе е безбедносна закана за граѓаните

Нацев: Неспособноста на власта само по себе е безбедносна закана за граѓаните

Универзитетскиот професор Александар Нацев во гостување во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа вели дека една од причините за автобуската несреќа во која загинаа 45 лица, за несреќата во Ласкарци и пожарот во модуларната биолница во Тетово е поради пропусти и неспособност на институциите на системот, односно како што рече тој неспособноста на власта само по себе е безбедносна закана за граѓаните.

– Првичниот одговор беше на место, излегоа екипи, форензички екипи кажаа дека несреќата се случила, но сепак не сакаа во тој момент да шпекулираат како и зошто настанала несреќата. Потоа ние имавме дипломатска офанзива, претставници од власта се вклучија во разјаснување на причини, мотиви, па дури и на одредено правдање на фирмата која што беше превозник за која се откри дека е регистрирана во Бугарија со други 30, 40 фирми на адреса кај некоја постара жена кај нејзе во дом. И тогаш веќе почна и бугарската страна малку да ретерира со изјавите. Видовме дека пред некој ден беше на посета тука во Македонија , па нашиот републички обвинител имаше неколку запрепастувачки изјави кога кажуваше што биле причините за несреќата, па не биле тие, па волку жртви, па толку жртви, па ќе правиме истрага. За на крај да имаме една конфузна ситуација во која што се уште не знаеме што се случило и која што веќе полека буди сомневања кај нас граѓаните дека воопшто и ќе се открие што се случило, додаде Нацев.

– Ако се вратиме назад ќе видиме дека ова не е прв ваков случај. Ние значи имаме еден ланец на трагичен настан, да не одиме многу назад да почнеме од несреќата во Ласкарци со Дурмо Турс, па потоа преку пожари, преку болницата во Тетово. Значи ние можеме да препознаеме една константа која се провлекува низ сите овие случувања. Значи она кое што континуирано се провлекува низ сите овие немили трагични настани е неспособноста на власта и лошото менаџирање. Значи неспособноста на власта само по себе претставува безбедносен ризик за граѓаните, нели зборуваме за онаа индивидуална безбедност на граѓаните бидејќи на неколку пати се случувало заради пропусти и недостатоци на практикувањето на власта односно на нефункционалноста на системот и на институциите кои го сочинуваат тој систем ние да имаме ситуација во која што невини граѓани губат животи, вели Нацев.

Коронавирус