среда, 21. април 2021. Вести денес: 161
home Вести

Нацев: Не може да очекуваме НАТО да има доверба во нас, кога непрекинато имаме безбедносни пропусти

Нацев: Не може да очекуваме НАТО да има доверба во нас, кога непрекинато имаме безбедносни пропусти

Се направи таква перцепција дека со влегувањето во НАТО нешто магично ќе се случи за еден ден, и кога ќе се разбудиме следниот ден се ќе биде различно, а се покажа спротивното, истакна во синоќешното гостување во „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа универзитетскиот професор по безбедност Александар Нацев.

-Еве веќе една година како што сме членка на НАТО, а таа година ја одбележа толку многу скандали, што мислам дека НАТО повеќе доверба имаше во нас додека бевме партнер земја, што не ни правеше толку сериозен скрининг, отколку сега кога станавме НАТО членка, посочи Нацев.

-Бидејќи кога сте внатре и сите 29 сојузнички сега имаат што да изгубат, сега сме внатре и секоја грешка скапо ги чини сите 29 земји. НАТО е институција која што учи од своите сопствени грешки, дециден е професорот по безбедност.

Целото гостување на Нацев можете да го погледнете подолу во видеото:

Коронавирус