сабота, 17. ноември 2018. Вести денес: 57
home Вести

Нацев: Договорот со Грција ќе произведе сериозни последици врз македонскиот јазик, идентитет, култура…

Нацев: Договорот со Грција ќе произведе сериозни последици врз македонскиот јазик, идентитет, култура…

Договорот со Грција ќе има сериозни последици и врз македонскиот идентитет, јазик, култура… Со договорот се влегува во некои лични чувства.  Еве на пример јас на прстенот го имам сонцето од Кутлеш, дали ќе може да го носам и потоа или ќе биде проблем, рече Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето на телевизја Алфа во емисијата Отворено.

Според него и кога станува збор за македонскиот јазик со овој договор ќе има некое објаснување и фусноти.

– Зошто е ова потребно, бидејќи јазикот е признаен. Ние никогаш не сме имале проблем со името на јазикот, туку со името на државата.  На пример јас како директор на Дирекцијата за безбедност на класифицираните податоци потпишував договори за соработка и на македонски јазик, изјави Нацев.

Тој истакна дека е многу важно да се види што се случува во операцијата промена на име.

-Владеачката партија во овој период пред референдумот води пропаганда. Сите знаат дека СДСМ има ангажирано фирма за стратешки комуникации и се знае каде се појавува таа, каде се прават вакви ситуации  како во Македонија.  Во целата операција еден од параметрите е ставот на ВМРО-ДПМНЕ, затоа ние како партија бевме внимателни и го соопштивме ставот, рече Нацев.

Тој објасни дека ставот е многу јасен и значи секој да постапи онака како што мисли бидејчи станува збор за нешто многу свето.