среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Нацев до Шекеринска: Со вашето однесување го нарушувате угледот на Армијата и мотивацијата на професионалците

Нацев до Шекеринска: Со вашето однесување го нарушувате угледот на Армијата и мотивацијата на професионалците

Министерке,
испраќање војници во мировна мисија е сериозна работа. Мора да одат најмотивираните и најподготвените. Од ангажманот на секој поединец, може да зависи безбедноста на целата наша мисија, но и безбедноста на останатите војници упатени од нашите меѓународни партнери.
Селекцијата на најдобрите не смее да се третира како играчка или некоја манипулација, како онаа што сакавте да ја протнете со знамето на Аризона. Лагата со која што сакавте да ги измамите граѓаните веднаш беше откриена. Се плашам дека откривањето на лажните кандидати на списоците може да има многу посериозни последици.
Затоа повторно Ве повикувам да одговорите дали најдобрите кандидати кои конкурираа и ги поминаа сите физички и здравствени прегледи со највисок резултат, а притоа имаа и соодветно познавање на англискиот јазик и соодветни НАТО безбедносни сертификати, заминаа во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан? Дали е вистина дека сте прецртувале имиња на некои кандидати и наместо нив сте допишувале старешини кои воопшто не конкурирале?
Втор ден молчите, а се колневте во транспарентност. Тоа нема да ве амнестира од одговорност. Цело министерство говори околу кандидатите кои сте ги допишале за да заминат во мисијата.
Ве повикувам да ги објавите списоците кои Ви биле доставени од комисијата и финалниот список на старешините кои заминаа во Авганистан. Тоа го должите и на јавноста и на професионалците во АРМ.
Обидете се да најдете време за одговор, бидејќи со вашето однесување го нарушувате угледот на Армијата и мотивацијата на професионалците. Војската не заслужува таков третман!!!

Да живее Армијата на Република Македонија!!!, напиша на својот Фејсбук профил Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ.