понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 137
home Вести

Нацев: Дали Шекеринска оддаде државна тајна?

Нацев: Дали Шекеринска оддаде државна тајна?

Професорот Александар Нацев прашува дали министерката за одбрана, Радмила Шекеринска оддаде државна тајна.

Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во целост:

Запрепастен сум од последниот безбедносен инцидент кој го направи министерката за одбрана. Како долгогодишен вработен во Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, а одреден дел од работниот стаж го имам поминато и како Инспектор за безбедност на класифицирани информации, го сметам за неумесен обидот на министерката да се испромовира пред јавноста и на социјален медиум да сподели документ, на кој е прикажана Зоната на одговорност на Третиот Механизиран Пешадиски Баталјон (3. МПБ), односно реоните на кои дејствува оваа армиска единица (слика бр.1)

Со овој потег министерката покажа елементарно непознавање на безбедносните процедури и преку отворен медиум им понуди на сите странски разузнавачки служби увид во оперативните планови на единици на АРМ.
Истовремено, со овој потег грубо е прекршен и Законот за класифицирани информации (ЗКИ). 

Во ЗКИ, за класифицирани информации се сметаат и карти и други шеми, што јасно може да се види од дефиницијата дадена во сликата во прилог (слика бр.2), а дополнително се прекршени и членови од Уредбата за физичка безбедност на класифицирани информации во делот каде што се регулираат безбедносните зони (слика бр.3) бидејќи е очигледно дека сликата која ја објави министерката е сликана внатре во безбедносна зона, во која најстрого се забранува внесување мобилни телефони или било какви други електрични уреди.

Останува да видиме дали ќе се покрене постапка за ова еклатантно кршење на законите и подзаконските акти, или едноставно ќе се докаже дека Законите не важат еднакво за сите.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија