вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 90
home Вести

Набавка на лекови во 4 очи: Онкологија склучила договор во вредност од 36 илјади евра

Набавка на лекови во 4 очи: Онкологија склучила договор во вредност од 36 илјади евра

Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија на 19 јуни годинава склучила договор во четири очи за набавка на лекови, во вредност од 36 илјади евра.

На системот за Јавни набавки има објавено договор во кој како договорен орган стои ЈЗУ УК ЗА РАДИОТЕРАПИЈА И ОНКОЛОГИЈА и во овој оглас како предмет на договорот на јавна набавка стои набавка на лекови преку постапка со преговарање без претходно објавување на оглас со вкупна вредност на договорот од 2.228.100 денари.

Упатените коментираат дека со укинувањето на советот за јавни набавки кое се случи непосредно по доаѓањето на власт на СДСМ институциите изгубија контрола врз постапките за јавни набавки кои се почесто се склучуваат во 4 очи. На овој начин се отвораат нови можности околу злоупотреби на целиот процес и се отвора можност за корупција.

Коронавирус