среда, 23. октомври 2019. Вести денес: 77
home Вести

На земјоделците од Росоман три години им скапуваат праските- најавуваат протести и блокади доколку не се ангажира министерот Николовски

На земјоделците од Росоман три години им скапуваат праските- најавуваат протести и блокади доколку не се ангажира министерот Николовски

Земјоделците кои се занимаваа со одгледување на праски од Росоман најавија штрајк доколку министерот за земјоделие Љупчо Николовски не преземе сериозни мерки три години откако е на власт.

-Последните три години и ова не е маркетинг за некоја си влада, за оваа сорта на праски и за наредните кои што ќе дојдат на ред три години истите ми остануваат на нивата и оваа година ќе ми останат. Зошто? Од причини, оваа сорта во дрвена гајба тешка 8,9 кила чини 60 денари на пазарот „Кванташки“. Се отворија неколку откупи тука, но Министерството за земјоделие не пресече, велат земјоделците кои одгледуваат праски.

Тие додаваат дека веќе две години наназад не ја берат оваа сорта на праски, а пред две години дури и штрајкувале, па министерството им дало 5 или 6 денари само за една сорта на праски, што не е еднакво за сите.

Најавуваат штрајк и блокирање на патиштата во Росоман од понеделник натаму.