Премиерот Зоран Заев во своето гостување во Канал 77 зборуваше за проблемот со Бугарија и уште еднаш потенцира дека не му е гајле за идентитетот на Македонецот со тоа што рече дека може и Пакистанец да биде.
-Минатото е исто така мое право на самоопределување, тоа е мое идентитетско прашање и овде нема отстапка, тоа треба да го разберат сите и кога да се отвори тоа прашање тоа е чувство. Ние може да живееме во Македонија, а да бидеме Пакистанец, рече Заев.