вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 159
home Вести

На Заев му е поважно да каже Северна Македонија отколку да одговори за суштината на прашањата

На Заев му е поважно да каже Северна Македонија отколку да одговори за суштината на прашањата

Цела Македонија во моментов го гледа дуелот помеѓу лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски и Зоран Заев на телевизија Канал 5 во емисијата Само Вистина. Досега е забележливо дека Зоран Заев иако го прифати дуелот одбива да одговори на суштината на прашањата и забележливо е дека многу му е поважно да го каже новото име на државата ,,Република Северна Македонија’’ отколку да даде суштински одговор.

За разлика од него претседателот на ВМРО-ДПМНЕ дава сериозни забелешки на она што го застапува Зоран Заев во однос на реформите во правосудството во Република Македонија. Mицкоски го повтори својот став во однос на истражувањето на сите криминали изминативе 27 години во Македонија почнувајќи од криминалната транзиција па до ден денес и владеењето на Зоран Заев.

Досега Зоран Заев единствено покажа дека добро ги познава имињата на обвинителите во СЈО како и дека напамет го научил новото име на државата.

Коронавирус