четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 61
home Вести

На вакцините кои ги добивме како донација од Бугарија, рокот им истекува за две недели

На вакцините кои ги добивме како донација од Бугарија, рокот им истекува за две недели

Во Македонија вчеравечер пристигнаа вкупно 51.480 „Фајзер-Бионтек“ вакцини, донација од соседна Република Бугарија.

По пристигнувањето, 30.000 дози беа веднаш дистрибуирани до вакциналните пунктови низ земјата.

Министерството за здравство информира дека иако рокот на важност на вакцините е до 30 септември, со дневната динамика на вакцинација тие веднаш ќе бидат употребени пред истекување на рокот.

-Благодарност до Владата на Република Бугарија за оваа донација, која претставува гест на солидарност и уште една потврда за успешната соработка меѓу институциите на двете земји во справување со Ковид-кризата, велат од Министерството.

Вакцините на „Фајзер-Бионтек“ се препорачуваат за имунизација на лица над 12 години.

Министерството за здравство апелира оти вакцините се безбедни и ефикасни и само со целосна вакцинација се намалува шансата од заболување, се спречува тешка форма на болеста, хоспитализација и смртен исход. (МИА)

Локални избори 2021