недела, 18. април 2021. Вести денес: 90
home Вести

„На удар сега се овие патриоти кои и кажаа не на хунтата, а утре може да биде секој граѓанин кој размислува различно од врхушката на власта“

„На удар сега се овие патриоти кои и кажаа не на хунтата, а утре може да биде секој граѓанин кој размислува различно од врхушката на власта“

Притворените за настаните од 27 април се жртви на политички прогон и тортура. Хунтата на власт се изживува со нив само заради тоа што имаа храброст гласно да го кажат своето мислење и да се спротистават на антидржавните политики на Заев. Заради тоа ги држат во мизерни услови под секое достоинство и психички ги измачуваат.

ВМРО ДПМНЕ е загрижен заради информациите дека нивната здравствена состојба се влошува поради нехуманите услови во кои се сместени. Престојуваат на минусни температури, со греење два пати во денот, во времетраење од еден час.

На удар сега се овие патриоти кои и кажаа не на хунтата, а утре на удар може да биде секој еден граѓанин на оваа држава кој размислува различно од врхушката на власт. Ова лудило мора да запре, граѓаните не смее да бидат жртва на налудничавоста на власта.

ВМРО-ДПМНЕ бара:

1.Безусловно запирање на сите овие процеси на политичкиот прогон.

2.Итно и безусловно стопирање на малтретирањата, на теророт и изживувањето кое го прави СДС.

3.Итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон.

Прекршителите на законите кои во името на хунтата газат се пред себе, мора да знаат дека за секое нелегално дејствие ќе одговараат. Република Македонија мора да биде демократска држава, со цврсто владеење на правото и компромис со тоа нема да има.

Коронавирус