среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 61
home Вести

На Токсикологија примени 17 пациенти, од кои 7 малолетници

На Токсикологија примени 17 пациенти, од кои 7 малолетници

Во текот на новогодишната ноќ на Универзитетската Клиника за токсикологија- Скопје се регистрирани 17 алкохолни интоксикации, од кои седум кај малолетници од 14 до 17 години, информираат за МИА, од ЈЗУ Универзитетска Клиника за Токсикологија – Скопје.

Како што посочија од клиниката, 10 пациенти биле машки, а седум женски лица. По амбулантскиот третман ја напушиле клиниката.

Во пресрет на празниците од Службата за Итна медицинска помош и Универзитетската клиника за токсикологија упатија апел за умерено консумирање храна и алкохолни пијалоци, за да нема алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди, но и хронично болните редовно да ја земаат терапијата.

Коронавирус