петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 80
home Вести

На Талат и Костовски им се заканува затвор доколку ги прекршат Уставот и законот

На Талат и Костовски им се заканува затвор доколку ги прекршат Уставот и законот

Спикерот Талат Џафери најсрамно ќе го прекрши законот и Уставот доколку, како што најави, ги објави во Службениот весник- законите за ратификација на Договорот помеѓу Македонија и Грција, како и законот за јазици, без потпис од претседателот Ѓорге Иванов.

Истото важи и за Мартин Костовски кој е директор на Службениот весник на Република Македонија.

Џафери и Костовски доколку го направат тоа за едниот закон, им се заканува затворска казна од најмалку 5 ипол години за злоупотреба на службената должност и самовластие, а исто така толкава затворска казна им е запретена и за другиот закон доколку го објават во Службениот весник без потпис од Претседателот Иванов, истакна тој.

Од ВМРО-ДПМНЕ вчера пак, потенцира дека членовите од Кривичниот законик јасно велат:

-Член 353 (5) сторителот ќе се казни со затвор најмалку пет години.

-Член 392 (1) Тој што самовласно прибавува некое свое право или право што смета дека му припаѓа, ќе се казни со парична казна или со затвор до шест месеци.

-Доколку Костовски како Директор на Службениот весник на Република Македонија и Талат Џафери како Претседател на Собранието на Република Македонија го сторат ова кривично дело и ги објават законите без потпис од претседателот Иванов, не само што ќе бидат оспорени пред Уставниот Суд, тие и ќе се соочат со затворска казна од најмалку 11 години. Да ги потсетиме Костовски и Џафери дека кривичното дело кое што е сторено никогаш не застарува. Државните и јавните функционери се избрани да го почитуваат законот и да работат според него. Во спротивно, ние ќе ги искористиме сите правни можности и мерки да бидат истите соодветно казнети. Истите Костовски и Џафери треба да ја почитуваат волјата на народот и да не си играат со законите заради кои што можат да добијат и затворска казна до 11 години затвор, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести

Коронавирус