недела, 2. октомври 2022. Вести денес: 20
home Вести

На Стража забрана за сообраќај на тешки товарни возила

На Стража забрана за сообраќај на тешки товарни возила

На планинскиот премин Стража од 12:00 часот се воведува забрана за сообраќај  на тешки товарни возила. Од изутрината забрана за движење на тешки товарни возила има и на патниот правец Маврово – Дебар.

Снег врне на Попова Шапка и на планиските премини Маврово, Стража, Крушево, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.

На патниот правец село Шипковица-Попова Шапка поради појава на магла видливоста е намалена од 30 до 40 метри.

Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисурите и усеците можна е појава на поситни одрони.

Коронавирус