среда, 14. април 2021. Вести денес: 46
home Вести

На стартот на пописот проблеми, дијаспората се жали, на власта не и е гајле

На стартот на пописот проблеми, дијаспората се жали, на власта не и е гајле

Веќе подолг период власта предводена од СДСМ и ДУИ е решена да го спроведе пописот онака како што нив им оди во прилог. Официјално од вчера започна попишувањето на дијаспората односно на македонските иселеници.Како што информираа од дијаспората се појавиле голем број на проблеми во врска со попишувањето.

-Во текот на вчерашниот ден случајно видов на ФБ група дека започнува попишувањето на дијаспората. Ја отворив интернет страницата на Државниот завод за статистија и го започнав процесот. Но сето тоа беше безуспешно затоа што ми беше побаран ПИН-код, но не успеав да увидам како може да го добијам тој код за да го продолжам пописот понатаму, ни раскажа лице кое повеќе од неколку години живее и работи во Италија.

Оваа проблематика  ја потврди и Ице Најдановски од Мелбурн кој во своето вклучување во телевизија 24 укажа дека тие како македонска дијаспора воопшто не биле информирани дека пописот започнал во текот на вчерашниот ден.

-Јас не успеав да се попишам, ниту пак да го добијам линкот затоа што ние немаме никакви информации овде во Австралија, ниту од конзулатот, ниту од амбасадата, а ниту од Заводот за статистика на Македонија. Македонската заедница во Австралија воопшто не е информирана за пописот, рече тој во своето вклучување.

Од социјалните мрежи може да се забележи дека многу од лицата кои живеат надвор од Македонија посочиле дека пописната апликација не во прифаќала нивниот матичен број.

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски го потврди овој проблем, велејќи дека сега веќе е надминат.

-Пристапот до апликацијата на нашата интернет страница е многу едноставен. Апликацијата е функционална и имаме постојано самопопишување на нашите државјани. Агенцијата што ја изготвуваше апликацијата е должна во најкус можен рок да ги отстрани евентуалните проблеми при пристапот до апликацијата, извести Симовски.

По сите овие примери може да се заклучи дека од самиот старт пописот има многу нејаснотии и проблеми и тоа води до заклучокот дека пописот кој сака власта да го спроведе по секоја цена нема  да ги даде точни бројки за населението.

Коронавирус