сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 65
home Вести

На скопскиот аеродром пречекан два милионитиот патник

На скопскиот аеродром пречекан два милионитиот патник

Ивана Николоска од Прилеп, која живее во Мелбурн, е два милионитиот патник на Скопскиот аеродром.

Таа пристигна од Доха со летот на „Катар Ервејс“.

Во кусата изјава за медиумите Николоска рече дека доаѓа во Македонија за претстојните празници и оти е изненадена, но и среќна што токму таа е два милионитиот патник.

-Ова е навистина големо изненадување. Многу ми е мило што јас сум избраниот патник. Се надевам дека ќе се множат уште многу во иднина, рече Николоска.

Со зимскиот ред на летање од Меѓународниот аеродорм Скопје функционираат 37 редовни авиолинии до 35 дестинации.

Најнови вести

Коронавирус