среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

„На што личи промена на систематизацијата во МВР, 3 дена пред да си замине Спасовски “

„На што личи промена на систематизацијата во МВР, 3 дена пред да си замине Спасовски “

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето интервју за „Економски магазин“ посочи дека никој од Спасовски не барал да направи промени во систематизација, и срамота е 3 дена пред примопредавање на неговиот кабинет тој да ја изврши промената на систематизацијата.

„На што личи на три дена пред да речеме да се примопредаде кабинетот на министерството за внатрешни работи да се менува систематизацијата и да се доделуваат 100-тици решенија на луѓе кои што во тоа време се прогласени за неподобни на оваа власт. На што личи? Значи не се тие оценети како непрофесионални, згрешиле при работењето, згрешиле во службата туку едноставно се оценети дека се неподобни за СДСМ. И се даваат решенија не знам од Македонски Брод за Дебар, од Дебар во Струмица, од Струмица во Струга, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека не е нормално на 4 дена пред примопредавање на кабинетот на министерот за МВР да се менува систематизација. Тоа го нема никаде.

„Едноставно техничкиот министер само вели луѓе ако навистина требало оваа систематизација, а не гледам причина зошто би требала, ниту некој го бара тоа од нас, ниту такви реформи се бараат од нас. Тоа можело да се направи многу порано. Сега е период на техничка влада едноставно сакам работите да ги работам како што треба“, образложи Мицкоски.

Мицкоски појасни дека ова е само партиска пресметка.

Локални избори 2021