сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

На повидок скандал – поради доцнење на власта Македонија е се уште без вакцина?!

На повидок скандал – поради доцнење на власта Македонија е се уште без вакцина?!

Неажурноста на макeдонската Влада за набавка на анти ковид вакцините ќе значи илјадници загубени животи, обвинува адвокатот Александар Тортевски. Тој преку социјалните мрежи обелодени оти надлежните во земјава не ги испочитувале роковите предвидени во т.н. Ковакс механизам и оти парите како аванс ги уплатиле со задоцнување.

„За да обезбеди вакцини Владата до 28 Септември морала да потпише правно ОБВРЗУВАЧКИ договор и најдоцна до 9 Октомври да уплати аванс. Испратиле правно НЕОБРЗУВАЧКА изјава и не го запазиле рокот за плаќање. Резултатот од „јавашлукот“ ќе биде илијадници мртви, стотици илијади заболени и колапс“, пиша адвокатот Тортевски.

Од Министерството за здравство ги отфрлаат ваквите обвинувања. Велат рокот за набавка на вакцините бил запазен, а договорот склучен со СЗО бил обврзувачки.

„Вакцини преку Ковакс системот се уште не се дистрибуирани во земјите кои не се членки на ЕУ. Темпото за дистрибуција на вакцините против Ковид 19 го утврдува Ковакс“, велат од Министерството за здравство.

Набавката на вакцини, според надлежните, не требало да се гледа како натпревар помеѓу државите. Премиерот Зоран Заев признава оти Македонија првите вакцини од Ковакс механизмот би требало да ги добие дури во март, но не ја отфрла можноста во земјава, токму преку овој механизам, прво да стигне руската вакцина „Спутник В“, а не онаа на „Фајзер“ и „Бионтек“.

„ И руската вакцина Спутник е дел од Ковакс механизмот. Секако можно е таа да стигне прва во земјава, пред Фајзер и Модерна“, вели премиерот Зоран Заев.

Ова пак отвора друга дилема, зошто надлежните не ја прифатиле понудата на руската амбасада директно да преговараат со Русија за набавка на руската вакцина, туку истата да ја чекаат преку Ковакс механизмот? Неодамна од руската амбасада во Скопје обелоденија оти понуда за дирекна соработка за вакцината му дале лично на министерот за здравство, Филипче, но не добиле повратен одговор.

Од друга страна се погласно се зборува дека распределбата на вакцините преку Ковакс механизамот е неизвесна бидејќи на оваа иницијатива и недостигаат близу 2 милијарди евра за да ја исполни обврската кон земјите потписнички.

Инаку, Македонија преку ковакс механизмот очекува достава за 830.000 вакцини, а уште толку се надева дека ќе добие и од ЕУ. Сепак, ниту министерот, ниту премиерот не се охрабруваат јавно да кажат кога точно во Македонија ќе стигне поголема пратка од вакцините.

Најнови вести

Коронавирус