среда, 2. декември 2020. Вести денес: 66
home Вести

На повидок е нова еколошка катастрофа среде Скопје

На повидок е нова еколошка катастрофа среде Скопје

Општина Гази Баба со забрзано темпо прераснува во општина со најмногу диви депонии, велат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба.

-Имено по пријава на граѓани на населено место Кирил Петрушевски дојдовме на лице место да ги охрабриме надлежните институции да реагираат на оваа еколошка катастрофа што зазема огромни размери, велат од партијата.

Од партијата предупредуваат дека оваа депонија е поранешна, а во моментов некој дозволил да се положува милиони тони шут и отпад.

-Бараме од градоначалникот на Општина Гази Баба и Град Скопје под итно да се запрат активностите на оваа депонија затоа што во населено место Кирл Петрушевски не живеат луѓе од втор ред. На добар пат сме да бидеме најзагадената општина во Република Македонија, истакнуваат од партијата.

Од советничката група истакнуваат дека на следната седница на советот ќе предложат решение за депонијата и додадоа дека нема да отстапат додека истото не се спроведе.

Коронавирус