вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 2
home Вести

На Попова Шапка промоција на опрема за безбедност при лавини и скијање во длабок снег

На Попова Шапка промоција на опрема за безбедност при лавини и скијање во длабок снег

Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) и туроператорот за скијање во длабок снег „Шар аутдорс“ денеска на Попова Шапка ќе ја демонстрираат опремата за лавинска безбедност и безбедност при скијање во длабок снег.

По презентацијата, гостите ќе имаат можност да проследат и практична демонстрација на опремата на падините на Попова Шапка.

Опремата за лавинска безбедност и обуката за нејзино користење се обезбедени преку програмата ИМЕ, финансиски поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Коронавирус