четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 102
home Вести

На Охридскиот аеродром пристигна првиот чартер лет со 155 холандски туристи

На Охридскиот аеродром пристигна првиот чартер лет со 155 холандски туристи

На охридскиот аеродром „Свети апостол Павле“ денеска пристигна првата група со 155 холандски туристи за 2022 година со туроператорот ТУИ. Во мај и јуни оваа копанија ќе има по два директни летови неделно од Астерда до Охрид, во среда и сабота, а во јули, август и дел од септември по четири летови неделно.

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски очекува повеќе од 60 чартер летови од Амстердам со оваа авиокопанија и 100 до 150 проценти повеќе туристи од Холандија да ги посетат Охрид и Македонија летово. Како новина го најави оперирањето на ТУИ од Обединетото Кралство од средината на јуни со што очекува повеќе илјади британски туристи.

– Очекуваме и други тур оператори и други дестинации да го оперираат Охрид. Говориме и за турски и полски тур оператори со чартер летови. Оваа година ќе имаме за неколку пати зголемено портфолио на дестинации чии туристи ги имаме веќе во Охрид. За мене сезоната е започната после велигденските празници и веќе и самите може да се уверите дека имаме кружни патувања од Малезија, некои туристи од Индија, потоа традиционалните пазари, како што ни се полскиот, турискиот…, изјави Јаневски.

Во однос на враќањето на визите за руските посетители на државата, но и генерално и за останатите пазари каде што има визи смета дека туризмот не познава граници и слободното патување на сите туристи е многу важно.

– Се надевам дека ќе се изнајде решение за која било дестинација и веќе во 2022 година ќе имаме многу повеќе туристи. Ако говориме за азиските туристи се надевам дека како и што беше најавено кинеските визи ќе бидат туристички, додаде Јаневски.

Менаџерот на КТМ Војаж партнер на ТУИ Холандија, Челик Асим забележа дека годинава за разлика од лани почнале порано со чартер летовите и очекува многу подобра туристичка сезона

– Многу битно за оваа сезона е што по првпат во нашиот град и во државава ќе имаме гости од ТУИ Обединето Кралство, кои се најавени од 16 јуни двапати неделно со авион на Визер, каде имаат закупено по 80 седишта во нивниот авион. И тоа ќе биде за првпат во историјата на нашата држава да имаме организирано гости од Велика Британија, изјави Асим.

Од ТУИ Холандија летово очекуваат околу 6,5 до 7 илјади гости, а од ТУИ Велика Британија околу 2.000 гости.

Според стратешкото планирање на АППТ за 2022 година во земјава се очекуваат 2,6 милиони ноќевање и зголемен девизен прилив. (МИА)

Коронавирус