среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 116
home Вести

„На обвинителнава клупа треба да има многу повеќе лица, не само Катица и Боки“, рече Камчев

„На обвинителнава клупа треба да има многу повеќе лица, не само Катица и Боки“, рече Камчев

Јордан Камчев денеска рече дека на обвинителната клупа не треба да седат само Боки и Катица, туку треба да има и други луѓе, но дека тоа не е негова работа, пишува ТВ21.

„Ќе потврдам, дека во исказот што го слушнавме на Стефанова и Чифлиганец, дека немало средба, средбата е одржана во стан во зградата кај што живее Стефанова, во стан, и тука е разговарано. Тоа лично ми го кажал Чифлиганец. И не се само овие луѓе, тука на обинителка клупа треба да има и други луѓе, но тоа не е моја работа“, рече Камчев.