понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

НА НЕФРОЛОГИЈА 32 ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ – еве колку од нив се хоспитализирани

НА НЕФРОЛОГИЈА 32 ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ – еве колку од нив се хоспитализирани

Во моментов 32 здравствени работници од Клиниката за нефрологија се заболени со Ковид-19, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Двајца од нив се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а еден техничар е хоспитализиран на Клиниката за кожни болести.

-Работењето на Клиниката за нефрологија се одвива регуларно и нема никаков застој во извршување на тековните обврски. За сите кои отсуствуваат има дополнителен кадар кој го надополнува отсуството, посочуваат од Министерството. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија