петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 100
home Вести

На митинзи и во штаб на СДСМ во Арачиново- Чиј симпатизер е „лицето со сомнителен кедибилитет“?

На митинзи и во штаб на СДСМ во Арачиново- Чиј симпатизер е „лицето со сомнителен кедибилитет“?

„Зачудува потребата на ТВ 21 да остава медиумски простор на личности со сомнителна позадина и сомнителен кредибилитет, кои шират лаги за наводни вработувања на 300 пилоти, иако се знае дека потребата од пилоти во државата е далеку помала, без притоа да побара став од СДСМ“, се вели во соопштението на СДСМ, пренесува Телевизијата.

Ова беше реакцијата на владејачката партија за емисијата „Клик Плус одаја“ во Арачиново во која посоченото лице, во живо во емисијата изјави дека најголемата лага која им била ветена е вработување на 300 пилоти.

Во текот на денешниот ден контактиравме со неколку членови на СДСМ за да бидат гости во емисијата 10 минути, за да разјасниме околу „лажните вести“ и личностите со сомнителен кредибилитет, но сепак ниту еден од нив не ја прифати поканата. За волја на вистината, одговорното лице за медиуми во оваа партија, порача дека ќе се обиде да испрати некој.

СДСМ најостро ги демантираше изнесените, како што велат од оваа партија, лаги во емисијата од Шаби Биљали. И тоа е во ред, бидејќи навистина бројката е преголема, од онаа колку што државата навистина има потреба од пилоти. Но, сепак, обвинувањето дека ТВ21 шири лажни вести преку лица со сомнителен кредибилитет, е тоа не е во ред.

За потсетување, еве ја уште еднаш изјавата на Биљали во живо во емисијата „Клик Плус одаја“, која не е лажна вест, туку изјава на лице со име и презиме.

„КЛИКПЛУС ОДАЈА“ е емисија отворена за сите граѓани кои сакаат на ТВ21 да ги раскажат нивните проблеми. Им овозможува на дискриминираните граѓани јавно да зборуваат. На ист начин ги пренесовме маките на жителите на Арачиново, а претходно на Идризово и Визбегово. Воедно мора да потенцираме дека ТВ21 не поседува ресурси кои ги има СДСМ за да го верификува идентитетот на одредена личност и неговите податоци во реално време, во живо, надвор од своите телевизиски студија, во општина каде е гостин, пренесува ТВ 21 и додава:

Од СДСМ тврдат дека за време на кампањата за претседателските избори Биљали сакал да отвори изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Арачиново иако таа партија таму нема никаква база, што според нив, дава и оправдан сомнеж за политичка заднина на изнесените невистини.

Но, доколку пребарате малку на интернет, ќе се види дека истото лице, според фотографиите кои ги објавувал на неговиот фејсбук и според активностите е практично симпатизер на СДСМ. Не знаеме дали е член или активист, но според фотографиите, симпатизер да. Се поставува прашањето дали, посоченото лице е со сомнителен кредибилитет кога објавувало пропагандни вести за СДСМ и честитки за Заев кога станал премиер, или кога бил на централниот митинг пред влада. Но, главното прашање е што прави лице со сомнителен кредибилитет во штабот на СДСМ во Арачиново?

Ова веројатно ќе го истражи СДСМ и луѓето кои го пишуваа демантот испратен вчера.

И за крај, ТВ21 не шири лажни вести, туку е телевизија која им дава простор на сите граѓани, без разлика на етничката, националната, верската, партиската, религиската, половата ориентација. Нашиот тим и во иднина ќе продолжи да работи на ист принцип. ТВ21 партиските игри ги остава на партиите, ние постоиме да за да ги слушнеме граѓаните. Впрочем, сличен слоган имаше и СДСМ, „Живот во Македонија за сите“. Епа, ако е така на иста страна сме, но прашањето е кој колку работи во интерес на граѓаните.