петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 114
home Вести

На малата Катерина ѝ е потребна наша помош: Зафатот е одложен, недостасуваат уште 800 евра

На малата Катерина ѝ е потребна наша помош: Зафатот е одложен, недостасуваат уште 800 евра

Да бидеме хумани и да донираме за Катерина Рујковска на која треба да ѝ се пресади рожница за да може светот да го гледа како останатите нејзини врсници.

Семејството Рујковски апелира до сите хумани луѓе и институции да им помогнат преку донации.

Бидејќи не беа собрани доволно пари во предвидениот рок, хирушкиот зафат е презакажан за на 15-ти октомври. Недостасуваат уште 800 евра, за малата убавица да отиде на посебен хирушки зафат пресадување на рожница (шареница) во Специјлната Болница Свети Вид во Белград.

За таа операција потребни се вкупно 5000 илјади евра кои нејзините родители не се во можност да ги обезбедат.