петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 136
home Вести

На летовите со Виз Ер од 1 мај со маски

На летовите со Виз Ер од 1 мај со маски

Екипажот и патниците да носат заштитни маски, да се одржува физичка дистанца пред чекирање, како и при влегување и излегување од авион, а на летови каде што ќе има можност ќе се обезбеди и оддалеченост помеѓу седиштата на патниците, предвидуват новите дополнителни мерки за хигиена што ќе ги применува од 1 мај нискобуџетната авиокомпанија Виз Ер.

– Со цел да се осигура дека здравјето и благосостојбата на патниците и екипажот останат непроменети, Wizz Air воведува нови протоколи – во согласност со владините регулативи – да се почитува физичката дистанца за време на чекирање и да се подобри хигиената на летот. Како дел од мерките за заштита на здравјето на патниците и екипажот на авиокомпанијата, патниците треба да се чекираат и да ги купат сите дополнителни услуги онлајн, како на пример плаќање дополнителни торби, за да ја намалат интеракцијата на аеродромот. Употребата на киосците за самостојно оставање багаж – таму каде што е достапно – и брзите ленти за безбедност на аеродромите, се високо препорачани од страна на авикомпанијата за понатаму да се обезбеди и физичка дистанца пред чекирање во авионот. За да се спречи можноста за ширење на инфекција, најучтиво се замолуваат сите патниците да се придржуваат на новите правила за физичка дистанца при влегување и излегување од авионот, соопшти авиокомпанијата.

Оттаму дополнуваат дека ХЕПА филтрите на сите нивни авиони филтрираат до 99.7 проценти од вирусите и бактериите од воздухот во кабината, но оти екипажот и патниците ќе треба да носат маски за време на летот.

– Екипажот ќе им достави на сите патници марамчиња за бришење, додека отстранувањето на магазините на летот и охрабрувањето за бесконтактно плаќање при купување за време на летот се мерки кои се воведени со цел да се намали физичкиот контакт. На летови каде што ќе има можност, екипажот ќе обезбеди и оддалеченост помеѓу седиштата на патниците – наведуваат од Вз Ер.

Откако беше прекинат авиособраќај од двата аедорома во државава поради кризата со вирусот ковид-19 затворена двата аеродорма во државава во мирување е договорот за субвенционирани летови на оваа авиокомпанија со Владата. Засега нема официјални најави кога ќе се нормализира одвивањето на авиосообраќајот.

Коронавирус