среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 124
home Вести

НА ЛАГИТЕ НА СДСМ ИМ ДОЈДЕ КРАЈ: И ОЈО Скопје по МВР го затвори случајот „Теретана“ и Мицкоски

Основното јавно обвинителство Скопје вчера потврди дека нема да поведе постапка за случајот „Теретана“ во кој лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и уште неколку лица се сомничеа дека користеле услуги на фитнес-центар во Скопје.
НА ЛАГИТЕ НА СДСМ ИМ ДОЈДЕ КРАЈ: И ОЈО Скопје по МВР го затвори случајот „Теретана“ и Мицкоски

Имено тие во своето соопштение до јавноста велат дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по извршени детални проверки, донесе резолуција дека нема место за јавнообвинителско постапување во предметот кој беше оформен по поднесено известување поради сомненија дека услугите на фитнес-центар во Скопје се користеле спротивно на одлуките и прописите со кои беа определени мерки за спречување на ширењето на КОВИД-19.

-Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредби за обезбедување на видео записите и за вештачење на ДВР-уредите на кои се сочувани видео записите од безбедносните камери во фитнес студиото. Во исто време, во својство на сведоци беа испитани повеќе лица. Предмет на анализа беше целокупниот материјал кој што беше обезбеден и доставен од страна на СВР Скопје, а беше одземен од деловниот субјект во критичниот период. Притоа, на прибавените снимки не биле збележани ниту посочените, ниту други лица да ги користат услугите на фитнес – центарот спротивно на донесените забрани. Од вештачењето на ДВР-уредите произлезе дека видео записите не биле манипулирани, односно беше потврден интегритетот на податоците на доставените уреди. Дополнително, надлежниот јавен обвинител ја прибави и документацијата од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР кои спровеле постапка во однос на наводите за присуство на полициски службеници во фитнес центарот, спротивно на мерките за спречување на пандемијата. По проучување и анализа на целокупниот материјал, јавниот обвинител утврди дека во конкретниот случај не постои основано сомневање дека е извршено кривично дело кое се гони по службена должност, стои во нивното соопштение до јавноста.

Инаку МВР во јуни годинава го затвори овој случај потврдувајќи од истрагата дека снимките се фалсификувани

Началникот на Секторот за внатрешни работи од Скопје, Ристо Ставревски на тогашната прес конференција информираше дека од страна на Министерството за внатрешни работи целосно е затворена истрагата поврзана со обвинувањата за кршење на мерките поврзани со Ковид19 од страна на Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Денес ве повикавме за да ве информираме, да ја информираме и јавноста дека Министерството за внатрешни работи ја затвори истрагата поврзана со обвинувањето за кршење на мерките за заштита од корона вирусот од страна на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски. Со оглед на фактот дека дека случајот за наводното присуство во фитнес центарот „Синерѓи“ доби голем публицитет во јавноста, МВР во соработка надлежното Јавно обвинителство ги обезбеди сите материјали за негово расчистување. Обезбедени се сите изјави од инволвираните, хард дисковите, изработивме фото албуми, извршивме анализа и употребивме компаративен метод за споредбеност на она што беше објавено и она што од наша страна беше обезбедено како такво и останати материјали со цел да ги расветлиме сите дилеми кои што во јавноста се наметнаа околу овој случај. Од сите преземени мерки, во соработка со надлежен јавен обвинител од скопското Јавно обвинителство, можеме само да изнесеме дека постои разлика, потенцира Ставревски пред два месеци.

Тој додава дека во тоа што беше презентирано во јавноста и тоа што беше објавено како такво и тоа што е обезбедено во онаа предистражна постапка. Постојат евидентни разлики во она што е во мас медиумите како што кажав во релноста поточно од вештачењето на видеиерите кои што ги обезбедивме и ги подигнавме со наредба од јавниот обвинител како од фитнес центарот Синерѓи така и од видиерите кои што се сопственост на сопственикот на зградата каде што се наоѓа односно стамбената зграда лкаде што е сместен фитнес центарот.

-Обезбеден е и дополнителен клучен доказ кој што исто така потврдува дека е различна перцепцијата која што се создаде во јавноста но поради тајноста на повредливоста на постапката и поради повредливоста на доказниот материјал не сме во можност да ви презентираме во детали односно да ги презентираме доказниотматеријал пред вас односно истиот заедно со известувањето во прилог е доставен до основното јавно обвинителство и ве повикуваме да се обратите дојавното обвинителство да добиете информација околу деталите за доказниот материјал и она што од наша страна е обезбедено и со што бевме задолжени по наредба од јавниот обвинител, рече Ставревски во јуни годинава.

Со ова во јавноста само уште еднаш се докажа дека СДСМ се обиде со фалсификување на видео снимки да шири лажни вести за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

За лагите на СДСМ и тогашната заменик министерка во МВР Славјанка Петровска потенцираше и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

-Истрагата на МВР покажа дека снимката со која манипулира СДСМ фалсификаторска датира од пред повеќе од половина година, а истото тоа го потврдија и до фитнес центарот за кој што станува збор. Свесно лажеа и свесно ја манипулираа македонската јавност со една единствена цел за прибирање на ситни политички поени и дефокус од реалната ситуација која што ни се случува. Наместо СДСМ фалсификаторска да ја пушта свесно да се бламира јавно Славјанка Петровска и да продолжува да лаже како што и наредил нејзиниот шеф Зоран Заев за да им го испере срамот, треба да земат уште веднаш да им се извинат на граѓаните што ги лажеа за снимката која што ја пуштија во јавноста. На лагата и се кратки нозете. Граѓаните веќе гледаат кој ги лаже и манипулира. Штом лажат за една ваква снимка, замислете како лажат за грабежот што и го направија на Република Македонија изминатиот мандат, вели Арсовски.

Тој потенцира дека прво, најмалку што може да направи во моментот СДСМ фалсификаторска е да се извини на јавноста и на граѓаните и да си го собере срамот, иако таква партија со такви луѓе нема никаков срам. Да имаа срам, одамна ќе беа пензионирани политичари.

-Второ, какви структури на СДСМ фалсификаторска го следат Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и дали тој и неговото семејство се предмет и цел на следење од структури на СДСМ фалсификаторска кои што се закана за нивната безбедност? Ова е класичен хибриден режим во кој граѓаните се предмет на тортура од страна на власта на СДСМ фалсификаторска и Зоран Заев. Одговорност за ова мора да има и ќе има. Бараме одговорност за сите инволвирани и бараме кривична одговорност за сторителите на ова. СДСМ фалсификаторска е непресушен извор на лажни вести за собирање ситни политички поени. Нема ден, а да нема по нова лага што произлегува од нивната кујна . СДСМ фалсификаторска е синоним за лажни вести во Република Македонија. Извинување е најмалку што можат да направат во моментов. Но, граѓаните веќе ја проценија каква фалсфикаторската партија и политика водат СДСМ и верувајте дека граѓаните ќе ги казнат на изборите кога и да се случат, потенцира Арсовски.

Најнови вести

Коронавирус