сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 0
home Вести

На Катица Јанева ѝ се слошило во капелата- вратена во притвор

На Катица Јанева ѝ се слошило во капелата- вратена во притвор

На специјалната обвинителка во оставка Катица Јанева, која од притвор со полициска придружба беше однесена на погребот на нејзината мајка во Гевгелија, денеска повторно и` се слошило.

Како што објавуваат некои медиуми, на Јанева ѝ се слошило во капелата на градските гробишта во Гевгелија.

Таа не ѝ се придружила на погребната поворка и со полициско возило била вратена во притворот во Шутка.