среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 86
home Вести

На јужната граница во Дојран пристигнаа нови 30 унгарски полициски службеници

На јужната граница во Дојран пристигнаа нови 30 унгарски полициски службеници

Триесет и четвртиот унгарски полициски контингент составен од 30 полициски службеници пристигна вчера во Дојран, соопшти унгарската Амбасада во Скопје.

Од почетокот на заедничките активности на јужната граница во 2016 година, повеќе од 700 унгарски полициски службеници дoсега веќе служеле во Македонија.

-Унгарија е посветена да им помогне на локалните власти во борбата против нелегалната миграција и трговијата со луѓе, и ќе продолжи да обезбедува полициска помош на Република Македонија додека е потребно, се наведува во соопштението од Амбасадата.