вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 7
home Вести

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 814 пациенти

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 814 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 814 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 70 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 46 пациенти, во Велес се лекуваат 65 болни, а во Куманово 118 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 111 пациенти, во Прилеп 104, во ковид центарот во Гостивар 49, а во Струга 32 болни.
Во болницата во Струмица лежат 72 пацинети, во Кочани 20, во Кичево 18, Кавадарци 44, а во Гевгелија 9 лица позитивни на корона вирусот. Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1290 и има колку 130 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Коронавирус