четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 66
home Вести

На инцидентите во струмичката болница им нема крај- по смртта на деветмесечното бебе нападната докторка

На инцидентите во струмичката болница им нема крај- по смртта на деветмесечното бебе нападната докторка

Докторка од Струмичката болница пријавила вербални закани од непознато лице по вчерашниот инцидент кога еден од роднините на починатото деветмесечно бебе во болницата бурно реагирал.

Како што информира портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, се работи на целосно расчистување и документирање на случајот.

Рендевска додава дека пријава за смртта на детето нема, бидејќи од болницата во полицијата пријавуваат само доколку има сомнеж за насилна смрт.

Според лекарите, детето во болницата било донесено во многу тешка состојба поради што и покрај обидите за реанимација од страна на лекарите тоа починало.

Коронавирус