четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 171
home Вести

На инаугурацијата на Пендаровски требаше да бидат поканети и Силјановска, Река и Касами, смета Зендели од „Беса“

На инаугурацијата на Пендаровски требаше да бидат поканети и Силјановска, Река и Касами, смета Зендели од „Беса“

Различни реакции предизвика отсусвото на премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на инаугурацијата на претседателот Стево Пендаровски.

Пратеникот од редовите на „Беса“, Фадил Зендели, таа постапка ја оцени како голем пропуст.

„Беше место премиерот да бида на инаугурацијата на претседателот на државата. Го гледам како пропуст неговото отсуство од една таква церемонија каде што имавме гости, претседатели на држави од соседните земји, а премиерот на државата го нема. Пропуст секако е и да не биде лидерот на опозицијата, без разлика каква била праксата во Собранието. Требаше да бидат поканети Силјановска, Река, Касами. Сите тие беа актери во целиот претседателски процес“, истакна Зендели.

Најнови вести

Коронавирус