среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 97
home Вести

На Игор му треба наша помош: Има 39 килограми и е во критична состојба

На Игор му треба наша помош: Има 39 килограми и е во критична состојба

Битолчанецот кој беше дел од Националната опера и балет, Игор Пармаковски има потреба од помош од хуманите граѓани. Неговата состојба во моментот е критична, откако пред неколку години му беше дијагностицирана Кронова болест.

На социјалните мрежи веќе се шири апелот за помош во кој се наведува дека телесната тежина на Игор е 39 килограми и тој има потреба од парични средства за да се оперира во најбрз можен рок.

„Ве молиме, кој колку што има, и најмалата донација ќе биде добредојдена и е потребна. Доколку сакате да донирате на оваој линк а се наоѓате во Македонија, можите да донирате иако е сумата до долари. Макар и еден долар да донирате, нас многу ќе ни биде потребен. Во меѓувреме, се обидувам да отворам сметка за донации и во Македонија, доколку некој знае да ми поможи да се обратите до мене во директна порака. Ви благодарам од се’ срце“! – порача неговата внука, Стефани Талевска.

Може да се донира и на овој линк

Коронавирус