петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 127
home Вести

НА ГРАЃАНИТЕ ИМ Е СМАЧЕНО: По маката со пасошите, личните карти и регистарските таблички сега не може да извадите имотен лист!

НА ГРАЃАНИТЕ ИМ Е СМАЧЕНО: По маката со пасошите, личните карти и регистарските таблички сега не може да извадите имотен лист!

Електронската апликација Е катастар на недвижности не функционира трети ден.

Ова значи дека е невозможно кој било граѓанин да извади имотен лист.

со оваа неодговорност и нефункционалност на системот уште стотици граѓани останаа заглавени чекајќи државата да изнајде решение за нив.

Инаку ова не е прв случај на нефункционалност во државните институции, граѓаните се уште мака мачат да извадат пасоши и лични карти, а освен тоа неодамна немаше ниту регистарски таблички за автомобилите.

Оваа основна нефункционалност на државните институции влева се поголема разочараност кај граѓаните од власта предводена од СДСМ и Зоран Заев.

Најнови вести

Локални избори 2021